сабота, февруари 21, 2026
Дома МАГАЗИН Maгарињата го носат багажот, Инес тешките торби!? Бред Пит со девојката на...

Maгарињата го носат багажот, Инес тешките торби!? Бред Пит со девојката на грчки остров, ама потфрли како кавалер/ФОТО

471
EPA/NEIL HALL

Бред Пит и Инес де Рамон уживаат во времето поминато на грчкиот остров Хидра, познат по својата опуштена атмосфера и политика без автомобили.

Познатиот актер Бред Пит (64) повторно привлече внимание со својот беспрекорен стил. Иако со децении е познат по својата подготвеност да експериментира со модата и често создава впечатливи модни изданија, неговиот личен стил долго време беше во втор план поради поинтригантни детали од неговиот приватен живот – од бракот со Анџелина Џоли до свадбата со Џенифер Анистон.

Координиран моден пар
Овој пат, актерот беше виден во друштво на неговата партнерка Инес де Рамон (34), дизајнерка на накит која исто така има силно чувство за мода. Парот координираше комбинација од спортски и елегантни облеки, што предизвика позитивни реакции на Инстаграм страницата на списанието „Вог“. Сепак, се појавија и коментари: некои прашаа зошто Инес ги носеше видливо потешките торби и зошто Бред не беше кавалер. Нивната модна координација не остана незабележана и јасно е дека двајцата обрнуваат внимание на деталите и естетиката.

Мирот и автентичноста на островот Хидра
Парот моментално престојува на грчкиот остров Хидра, мал бисер во Саронскиот Залив, познат по својата мирна атмосфера и автентичност. Употребата на автомобили, моторни возила и велосипеди е забранета со закон на Хидра.

Стоката и багажот се транспортираат со магариња и коњи, додека луѓето најчесто користат водни таксиња или одат пеш. Островот привлекува уметници, писатели и јавни личности со децении, а во текот на 1960-тите и 1970-тите години беше рај за личности како Леонард Коен, Хенри Милер, Мик Џегер и Софија Лорен. Хидра е украсена со камени куќи, тесни улички и богата поморска историја, што ја прави идеална дестинација за мирен одмор подалеку од градската врева.

Бред Пит и Инес де Рамон се забавуваат од 2022 година, а пријателите на двојката истакнуваат дека врската е многу сериозна и дека свадбата не би била изненадување. Интересно е што актерот го слави својот роденден на 18 декември, додека неговата партнерка Инес слави еден ден подоцна, на 19 декември.

Пред да започне врска со Пит, Инес беше во брак со актерот Пол Весли, познат по улогата на Стефан Салваторе во серијата „Дневниците на вампирите“. Тие се венчаа во 2019 година и се разделија кон крајот на 2022 година, отприлика во времето кога започна нејзината романса со актерот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue (@voguemagazine)

ИЗДВОЕНИ