Буџетот за Зимските олимписки игри во Милано-Кортина порасна од почетните 1,36 милијарди евра на речиси шест милијарди евра, што ја прави Олимпијадата цел на организиран криминал.
Во пресрет на Зимските олимписки игри, Италија се соочува со обид за мафијашка инфилтрација во Кортино д’Ампецо, едно од местата на кое ќе се одржи најголемиот зимски спортски настан. Истрагата, покрената од венецијанското обвинителство, детално опишува како двајца браќа од Рим, поврзани со група позната како Иридучибили, биле уапсени откако се обиделе нелегално да добијат договори поврзани со градежни работи за Олимписките игри. Обвинителите тврдат дека дуото воспоставило систем на контрола во стилот на „мафија“ врз трговијата со дрога и ноќниот живот во Кортина, проширувајќи го своето влијание во профитабилниот бизнис со Олимписките фабрики.
Обвинетите се фалеле со своето пријателство со Фабрицио Писчители, поранешниот лидер на Иридучибили, кој беше убиен во Рим во 2019 година, со цел да се претстават како влијателни личности во рамките на римското криминално подземје.