Многу е убаво и уште поемотивно кога родителите пред сите ги споделуваат најрадосните моменти за своите деца. Па така, нашиот маестро, популарен хармоникаш, композитор на голем број хитови и основач на фестивалот „Владимирово“, Горан Алачки, со радост и гордост му го честиташе 31. роденден на синот Благоја, кој е, исто така, музичар.
Честитката е проследена со повеќе од искрена татковска порака, која допира до сите нас. Зборови што имаат големо значење, со мудроста, а сето тоа, секако, најдобро го разбираат тој и синот.
– Нека е убав денот! Триесет и една година! Патувај низ животот со мислата! Среќен роденден, сине мој! Твојот татко.
Инаку, за оние што, можеби, не се во тек со естрадните случувања, да кажеме дека Благоја е син на Горан од бракот со познатата Адријана (ја имаат и ќерката Грациела), поранешна пејачка и сегашна водителка на актуелната популарна ТВ-емисија „Везилка“ и на „Вкусот на традицијата“ на телевизија „Алфа“. По брачната разделба, Горан и Адријана успешно тргнаа по својот нов животен, но и професионален пат. (Д. М.)












