Мадуро се пофали со мобилниот телефон: „Ми го даде Шји Џинпинг, не може да се прислушкува!/ВИДЕО

207

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро покажа телефон од Хуавеј на прес-конференција во Каракас, за кој рече дека е подарок од кинескиот претседател Шји Џинпинг.

Тој го нарече „најнапредниот и најбезбеден телефон во светот“, отпорен на секаков вид прислушување, вклучително и преку сателит. „Дури ни грингосите не можат да го прислушуваат“, рече Мадуро, мислејќи на Американците.

Во исто време, тензиите растат меѓу Венецуела и САД. Вашингтон испрати седум воени бродови, подморница и околу 4.500 маринци во јужниот дел на Карипското Море.

Американските власти тврдат дека ова е операција насочена кон борба против нарко-картелите. Сепак, Мадуро вели дека тоа е отворена закана за неговата влада и обид за промена на режимот.

„Ова е најголемата закана на континентот во последните сто години. Венецуела е мирна земја, но ние ќе се браниме од секаква закана“, рече Мадуро.

Венецуелските власти објавија мобилизација на 15.000 војници на западната граница и ја повикаа цивилната милиција да биде во состојба на готовност.

ИЗДВОЕНИ