Венецуелскиот претседател Николас Мадуро го повика американскиот претседател Доналд Трамп да не ги вовлекува САД во она што го нарече вечна војна, како онаа во Авганистан.
Тој му порача на Трамп да избере мир пред конфликт со Венецуела, откако најголемиот американски носач на авиони, USS Gerald R. Ford, пристигна во регионот.
Во изјава за CNN, дадена пред претседателската палата Мирафлорес во Каракас, Мадуро рече дека времето за долгорочни конфликти е завршено.
-Нема веќе вечни војни. Нема неправедните војни. Ја нема Либија. Нема веќе ни Авганистан. Да живее мирот, нагласи тој.
Кампањата за притисок што ја спроведе американскиот претседател досега вклучуваше серија смртоносни напади врз бродови за наводна шверц на дрога во Карибите и Пацификот, додека американскиот министер за одбрана Пит Хегсет вчера ја објави операцијата „Јужно копје“.
Според него, целта на операцијата е да се одбранат САД од дрогата што убива луѓе.
Официјално е објавено дека масовното распоредување на американските сили во близина на Венецуела е дел од стратегијата на Трамп за војна против дрогата, дизајнирана да ги спречи латиноамериканските картели да шверцуваат големи количини кокаин и фентанил во Соединетите Држави.












