четврток, февруари 26, 2026
Дома СВЕТ Мадуро испрати порака од затворската келија

Мадуро испрати порака од затворската келија

147
EPA/Cristian Hernandez

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро од притвор во САД им порачал на своите поддржувачи дека „се справува добро“, изјави неговиот син Николас Мадуро Гера.

„Се справуваме добро. Ние сме борци“, порачал Мадуро за себе и за сопругата Силија Флорес од ќелијата во САД, пренесе неговиот син.

Според истиот извор, Мадуро им рекол на своите адвокати „да не тагуваат“. Венецуелскиот лидер беше приведен и префрлен во САД за време на американската воена операција во Каракас на 3 јануари.

Мадуро и првата дама во понеделникот за првпат се појавија пред суд во Менхетен, Њујорк, каде што се изјаснија дека не се виновни по обвиненијата за нарко-тероризам и трговија со кокаин.

Изјавите на Мадуро неговиот син ги пренел за време на состанок на владејачката Обединета социјалистичка партија на Венецуела.

ИЗДВОЕНИ