четврток, октомври 15, 2026
Дома СВЕТ Мадуро и сопругата изведени пред судот во Њујорк – се изјаснија за...

Мадуро и сопругата изведени пред судот во Њујорк – се изјаснија за невини по сите обвиненија

3
Foto: Printscreen

Соборениот претседател на Венецуела, Николас Мадуро, и неговата сопруга Силија Флорес, се изјаснија за невини по новите обвиненија со кои се товарат за мачење луѓе, вклучувајќи и американски државјани, објави ABC News.

Мадуро, кој се појави во затворска облека, ги негираше обвиненијата во целост, нарекувајќи ги обвинувањата за мачење „лажни“, а исто така и неговата сопруга се изјасни за невина.

Според американскиот обвинител, по преземањето на претседателската функција во 2013 година, Мадуро одобрил употреба на тортура против одредени лица и надгледувал систем кој, според обвинението, користел тортура, воен притвор и насилство за потиснување на политичката опозиција.

Во обвинението се тврди дека Мадуро ги обвинил САД за нестабилноста во Венецуела, која, според обвинителството, ги подложила и американските граѓани на тортура.

Флорес е обвинета дека му помогнала на својот сопруг да воспостави таков систем. Таа е обвинета и за наркотероризам, додека Мадуро, покрај обвинението за заговор за извршување тортура, се соочува и со претходни обвиненија поврзани со трговија со дрога и наркотероризам.

Двајцата претходно се изјаснија за невини по обвиненијата за наркотероризам и трговија со дрога, откако првпат беа изведени на суд во јануари откако беа уапсени во американска воена операција во Каракас.

Адвокатот на Мадуро во судскиот поднесок минатиот месец тврдеше дека поранешниот претседател има имунитет од гонење бидејќи бил шеф на суверена држава. Судењето на Мадуро и Флорес е закажано за 14 јуни 2027 година.

ИЗДВОЕНИ