вторник, февруари 24, 2026
Дома СВЕТ Мадуро и неговата сопруга сместени во озлогласениот притворскиот центар во Бруклин

Мадуро и неговата сопруга сместени во озлогласениот притворскиот центар во Бруклин

109
EPA/RAYNER PENA R.

Поранешните жители на пространата претседателска палата, заробениот венецуелски лидер Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес, сега се соочуваат со сосема нова реалност во ѕидовите на озлогласениот Метрополитен притворен центар (MDC) во Бруклин. Тие се соочуваат со строги услови и засилени безбедносни мерки додека се во притвор, објави CNN.

Метрополитен притворниот центар во Њујорк е познат по своите сурови услови, прекини на електрична енергија и недостиг на персонал.

Федералниот затворски консултант Сем Менгел ја опиша состојбата во притворското одделение во Бруклин.

„Тоа е навистина пекол. Климатизацијата е лоша, греењето исто така. Секој затвореник добива по едно волнено ќебе. Се спие на многу тенка комбинација од душек и перница со дебелина од околу пет сантиметри, поставени на метална плоча’, објасни Менгел.

Според проценките на експертите, Мадуро и Флорес се сместени во одвоени ќелии и изолирани од општата затворска популација.

„Во неговиот случај, станува збор за сериозен безбедносен ризик во општата популација“, објасни Менгел. Никој не знае како би реагирале другите затвореници – припадници на банди или картели – така што неговото вклучување во општата популација во кој било момент би претставувало огромен безбедносен ризик за установата“, додаде тој.

Изолацијата, значи дека затворениците поминуваат до 23 часа на ден заклучени во своите ќелии, со многу ограничен пристап до активности на отворено. Хју Харвиц, поранешен директор на Федералното биро за затвори, рече дека двајцата веројатно немаат редовен контакт, освен ако средбите со нивните адвокати не се совпаднат.

На нивното прво појавување пред судот на Менхетен во понеделник, 5 јануари, Мадуро и Флорес се изјаснија за невини по обвиненијата за трговија со дрога и оружје. Судијата ги информираше за нивното право да се консултираат со венецуелските конзуларни службеници.

Инаку, станува збор за притворски центар чии услови адвокатите и затворениците без задршка ги опишуваат како „одвратни“ и „ужасувачки“.

Притворниот центар е опасно место, каде што двајца затвореници беа убиени во 2024 година, а властите се под дополнителен притисок по случајот со Џефри Епштајн, кој изврши самоубиство во друг притворен центар во Њујорк во 2019 година.

ИЗДВОЕНИ