
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во неделата објави дека нема зголемување на нивото на радијација по американските напади врз три нуклеарни постројки во Иран, вклучително и локацијата Фордо.
„По нападот на три нуклеарни постројки во Иран – вклучувајќи го и Фордо – МААЕ може да потврди дека досега немало зголемување на нивото на радијација околу овие локации“, објави МААЕ на платформата X.
Агенцијата соопшти дека ќе бидат дадени дополнителни проценки за ситуацијата во Иран кога ќе станат достапни повеќе информации.
Се верува дека постројката за збогатување ураниум Фордо е една од најважните цели на Израел во неговиот конфликт со Иран.
Иран претходно објави дека ги евакуирал трите нападнати нуклеарни постројки некое време пред бомбардирањето.
САД ги бомбардираа иранските нуклеарни постројки во Фордоу, Натанц и Исфахан, објави претходно американскиот претседател Доналд Трамп, фалејќи се дека објектите се „целосно уништени“.