МААЕ има информации дека клучните згради во иранскиот нуклеарен погон се оштетени

34
Фото: EPA-EFE/MAXAR TECHNOLOGIES HANDOUT --

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) има информации дека клучните згради во иранскиот истражувачки центар за тешка вода во Хондаб се оштетени во израелските напади, вклучително и единица за дестилација, соопшти Агенцијата денес на својата платформа X.

Соопштението дојде откако МААЕ вчера процени дека реакторот е погоден, но дека нема радиоактивни последици, пренесува Ројтерс.

МААЕ вели дека ураниумот во Иран достигнал збогатување од околу 60 проценти – на добар пат да биде доволно концентриран за нуклеарно оружје.

ИЗДВОЕНИ