Реакциите на македонската тв-публика, пред се на оние кои редовно го следат квизот “Се или ништо“, со атрактивната Лила Стојановска-Филиповска, се од едната до другата крајност. Причината се разголените нозе на оваа популарна водителка која е веќе во некои си пристојни години кога би можела да стане и среќната баба. Со оглед на тоа дека поодамна има син за женидба. Но, додека да стаса внучето, за кое Лила не крие дека ќе ја направи најсреќна на овој свет, харизматичната водителка која со години ги привлекува очите на милиони мажи, не се стега да покаже дека веројатно и како идната баба ќе биде со најдобрите нозе. Тоа сите ги остава без здив.Не е тајна дека жените ѝ завидуваат, додека посилниот пол не се срами да ги покаже јавно (и, преку видео пораките) како “испушта“ воздишки по сексапилната Лила. Се согласувате дека сето тоа на водителката сепак ѝ оди во прилог, нели? На една од фотографиите за која деновиве многу се (о)зборува Лила е максимално провокативна. Слободно позира покрај познатиот мускулест фризер и стилист Зоки Давитков. Тоа што им ја разбранува најмногу фантазијата на мажите е и начинот на кој е седната. Водителка, не носи ништо под долниот дел, освен мрежести хулахопки надополнети со кожната јакна. Севкупниот имиџ го зачини со црните сандали кои имаат екстремно високи потпетици. Тоа дополнително на водителката ѝ даваат максимална женственост. Така да на се ова, презентерот Спасе Јовановски (попознат како “Рола до бола“), нејзиниот многу близок пријател и колега од ТВ Сител, духовито би кажал: “Ма, ово нема ни у Бегешу“!!!  (Д.М.)

ИЗДВОЕНИ