Дел од граѓаните коментираат дека старите дискотеки испишале историја на многу генерации и додаваат дека би било добро и сегашниве да имаат такви култни дискотеки. И поранешниот директор на скопската Зоолошка градина, Ѓорѓи Галетановски, познат по организирање на ноќниот живот во Скопје, смета дека мора да има летни дискотеки, иако, како што вели, лунапаркот е приоритет.
– Скопје е метропола и ноќниот живот не смее да замре. Мора да се најде решение и за дискотеките – дециден е тој.
Смета дека би било убаво Град Скопје да најде локација за летните дискотеки и младите да се забавуваат во градот, а не да одат на Водно или во другите градови
Расчистувањето на дел од градскиот парк во Скопје за конечно, по долги години, да почне реализацијата на изградбата на лунапаркот наиде на позитивни реакции кај граѓаните.
Сепак, уривањето на летните дискотеки, кои се наоѓаат во рамките на парцелата, ја разбранува јавноста. Имено, скопјани не се против тоа да се гради лунапаркот бидејќи, со години, најмладите немаа свое катче за забава и можност да поминат убави моменти на релаксација и го чекаат со нетрпение, но сметаат дека со исчезнувањето на дискотеките ќе замре ноќниот живот во метрополата, младите ќе нема каде да се забавуваат.
Дел од граѓаните коментираат дека старите дискотеки испишале историја на многу генерации и додаваат дека би било добро и сегашниве да имаат такви култни дискотеки.
Прашуваат дали воопшто има некаков план каде би имало дискотеки.
– Ќе продолжи ли Скопје да биде град на пензионери? Ноќниот живот е на најниско ниво откога постои градот. Тажно – реагира скопјанец.
Трети, пак, сметаат дека градот е зомбиленд, бидејќи нема дискотеки надвор од него, но велат дека има милијарда казина кои им ги цедат парите на младите заглавени во кредити.
Некои се интересираат, пак, ако дискотеките биле бесправно изградени, зошто се толерирале со години и им се издавале дозволи со таква намена.
Има и предлози да се направат неколку урбани, модернизирани, светски дискотеки и клубови кај Момин Поток, по приватната болница „Систина“, со различни типови лиценца за работа.
– Да се врати духот на ар-ен-би и хип-хоп музиката, ретро, рок, техно и комерцијална музика, како во минатото, да се знае кој ден каква музика се пушта – бараат скопјани.
И поранешниот директор на скопската Зоолошка градина, Ѓорѓи Галетановски, познат по организирање на ноќниот живот во Скопје, смета дека мора да има летни дискотеки, иако како што вели лунапаркот е приоритет.
– Скопје е метропола и ноќниот живот не смее да замре. Мора да се најде решение и за дискотеките – дециден е тој.
Смета дека би било убаво Град Скопје да најде локација за летните дискотеки и младите да се забавуваат во градот, а не да одат на Водно или во другите градови.
– Штета, ноќниот живот веќе ни е на нула, ако и летово градот остане без дискотеки, младите ќе треба буквално да излегуваат во други градови – реагира Галетановски.
Тој додава дека пред пет години, сопствениците на дискотеките добиле решение за работа, но како што истекувале договорите, тие не им биле продолжувани поради изградбата на лунапаркот.
(А. П.)












