Луксузни модни куќи на удар на ЕК: Заедно ќе треба да платат казна од 157,4 милини евра

32
Фото.википедија, 5th Ave, Midtown, NYC

Европската комисија објави дека ги казнила луксузните модни куќи „Гучи“, „Клои“и „Рое“ со вкупно 157,4 милиони евра за мешање во политиките за цени на трговците на мало.

„Гучи“ мора да плати казна од 119,7 милиони евра, „Клои“ 19,7 милиони, а „Лоув“ 18 милиони евра. Брисел ги намали износите за сите три компании бидејќи соработуваа во истрагата и обезбедија докази. Брендовите со седиште во Италија, Франција и Шпанија нелегално ги одредуваа цените на своите производи за трговците на мало, откри Комисијата., пренесе „Хина“.

„Особено, три модни компании се мешаа во комерцијалните стратегии на своите трговци на мало со наметнување ограничувања, како што се барањата да не отстапуваат од препорачаните малопродажни цени, максималните попусти и специфичните периоди на продажба“, се вели во соопштението на ЕК.

Ваквите практики резултираат со повисоки цени и го ограничуваат изборот на потрошувачите, заклучи Брисел. Прекршоците се протегале неколку години и ја опфаќале целата територија на Европската Унија.

ИЗДВОЕНИ