Словенечкиот кошаркар и еден од најдобрите играчи во НБА лигата, Лука Дончиќ, летово постигна значајна физичка трансформација и ги намали килограмите.

Според медиумите од Словенија, 26-годишната ѕвезда на НБА тимот  Лос Анџелес Лејкерс ја намали својата телесна тежина за дури 14 килограми во споредба со истиот период минатата година.

Дончиќ поставил јасна цел – да влезе во најдобра можна форма пред почетокот на новата сезона. Интензивниот тренинг режим и посветеноста на правилната исхрана резултираа со видливи промени, а разликата во неговиот физички изглед е повеќе од очигледна.

Оваа физичка подготвеност се очекува да се одрази и на неговите настапи на теренот, со што Лејкерс би можеле да добијат уште поефикасен и поиздржлив лидер за претстојните предизвици во НБА.

ИЗДВОЕНИ