epa11980581 Scuderia Ferrari driver Lewis Hamilton of Britain signs autographs after the Qualifying for the 2025 Formula 1 Chinese Grand Prix at the Shanghai International Circuit in Shanghai, China, 22 March 2025. The 2025 Formula 1 Chinese Grand Prix is held on 23 March. EPA-EFE/WU HAO

Британскиот возач во Формула 1, во тимот на Ферари, Луис Хамилтон продолжува да урива рекорди, но овој пат надвор од патека. Неговото богатство достигна неверојатни размери, а 2025 година му донесе голем подем на листата на најбогати.

Според најновото издание на престижната листа на најбогати на „Сандеј тајмс“ за 2025 година, вкупното богатство на Хамилтон се проценува на дури 385 милиони фунти.

Ова го стави на 324-тото место на најбогати луѓе во Велика Британија, што е значителен скок во однос на минатата година, кога беше на 350-та позиција со 350 милиони фунти.

Овогодинешниот премин од Мерцедес во Ферари имаше големо влијание врз зголемувањето на неговото богатство, што дополнително ја зајакна неговата финансиска сила. Според Форбс, Хамилтон ќе заработи вкупно 80 милиони долари во 2025 година.

Од таа сума, дури 60 милиони доаѓаат од платата и бонусите на Ферари, додека преостанатите 20 милиони доаѓаат од разни спонзорски договори.

Со ова, Хамилтон повторно го презеде тронот на најплатениот возач на Формула 1, пред Макс Верстапен, кој доминираше во претходните сезони благодарение на богатите бонуси за победи и титули.

Хамилтон моментално има профитабилни спонзорски договори со познати глобални брендови како што се Monster Energy, Tommy Hilfiger, Sony и Bose. Покрај тоа, тој ужива во луксузен животен стил со недвижнини во САД, Лондон, но официјално е со седиште во Монако.

Во 2020 година, Хамилтон стана најбогатиот британски спортист во историјата на листата на најбогати на „Сандеј тајмс“, кога го престигна Дејвид Бекам, кој се пензионираше од фудбалот во 2013 година.

ИЗДВОЕНИ