Само неколку дена откако се нарече себеси „бескорисен“, возачот на Ферари, Луис Хамилтон, изјави дека се соочува со проблеми „во заднина“ по уште една разочарувачка трка од Формула 1.
Седумкратниот светски шампион заврши на 12. место во неделата на Големата награда на Унгарија, ист резултат како и во квалификациите претходниот ден, по што остро се критикуваше себеси и рече дека Ферари треба да размисли за промена на возачот.
За разлика од Хамилтон, неговиот тимски Шарл Леклер ја започна трката од пол-позицијата, но заврши четврти, што беше разочарувачки за него.
- Кога имаш чувство, едноставно го имаш. Многу работи се случуваат во заднина и тоа не е добро, изјави Хамилтон за британски „Скај спортс“, објаснувајќи ги своите коментари претходниот ден.
На прашањето дали ја изгубил љубовта кон трките, тој отсечно одговори: „Не“.
Британецот го заврши првиот дел од сезоната со 109 бода, за шесто место во генералниот пласман кај возачите.
Шампионатот на Формула 1 е на летна пауза, а сезоната продолжува последниот ден од август со трката за Големата награда на Холандија, на патеката во Зандворт.