Шест години по отворањето на својот синџир за вегански бургери, Луис Хамилтон, Леонардо Дикаприо и Тибо Куртоа мораа да ги затворат вратите. „Neat Burger“, ресторан во кој возачот на Формула 1 беше најголем инвеститор и беше придружуван од познат актер и од голман, имаше големи загуби.
Според документите поднесени до британската Агенција за регистрација на компании, доброволно било одлучено да биде затворен ресторанот на 22 јули. Хамилтон го лансираше „Neat Burger“ во 2019 година, кратко откако се префрли на веганска исхрана. Првиот ресторан беше отворен во Лондон, а потоа се прошири во целиот свет, вклучувајќи ги Милано и Њујорк.
На својот врв, компанијата имаше осум продавници само во Лондон. Сепак, во 2022 година беше забележана загуба од 7,86 милиони фунти или над 9.000.000 милиони евра.
Со текот на времето, Ди Каприо и Куртоа се појавија како мали инвеститори, но ни нивните имиња не го променија многу статусот на компанијата. Останува Хамилтон да ги исплати долговите преку заработката во Формула 1. Сепак, не му оди сè според планот во Ферари оваа година.