Пред Луис Хамилтон е најголемиот предизвик во сезоната во Формула 1. Следува трката за Големата награда на „Силверстон“, па Британецот, пред своја публика, се надева дека, конечно, ќе може да дојде до победа оваа сезона, со оглед на тоа што досега има прилично лоша сезона.

Тој девет пати славеше на трката за Големата награда на Велика Британија, нешто што не му успеало на ниту еден друг возач. Сепак, и покрај тоа што се трка пред својата домашна публика на „Силверстон“, прогнозите за него овој викенд не се особено оптимистички. Се мачи во првите месеци од соработката со Ферари, а најдобар доказ за тоа е фактот што ова е првпат откако се појави во Формула 1 во 2007 година, да поминат 11 трки без ниту еден пласман на подиумот. Поради ова, се појавија сомнежи дали некогаш ќе ја видиме доминантната верзија од него што ја прикажуваше некогаш, кога беше еден од најголемите таленти во историјата на овој спорт.

Последен што тврди дека Хамилтон никогаш повеќе нема да ја освои светската титула е поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстон. Ветеранот, познат по тоа што секогаш отворено го искажува своето мислење, не се воздржа кога беше прашан за шансите на Хамилтон.

  • Дали ќе освои уште една титула? Не. Мислам дека имаше среќа што беше таму во време кога, всушност, немаше премногу конкуренција, па му беше малку полесно. Сега има сериозни ривали. Додека победуваше, немаше многу конкуренти – изјави Еклстон за „Скај спортс“.

Вистина е дека соочувањето со реалноста беше тешко за сите што очекуваа чуда од сојузот на Ферари со најуспешниот возач во историјата. Моментално, Хамилтон е шести во генералниот пласман со 91 бод и далеку зад својот тимски колега, Шарл Леклер, кој успеа да заврши на подиумот барем еднаш.

Но, токму во тоа лежи предизвикот за 40-годишниот возач. По речиси десет години доминација, тој мора да промени многу негативна низа. Нема сомнение дека тој е еден од најголемите на сите времиња, па затоа останува да се види како ќе одговори во еден од најтешките моменти во својата кариера.

ИЗДВОЕНИ