Еден од најпознатите подкастери и фанови на ММА во светот, Џо Роган (57), кој работи и како најавувач на УФЦ настаните, презентираше интересна теорија поврзана со организацијата. Поконкретно, за тешката категорија, која, според Роган, има големи проблеми и не е доволно привлечна.
- Кога УФЦ ја воведе УСАДА (антидопинг агенцијата), сè се промени и телата на борците буквално се распаднаа. Тие физички драстично се променија, објасни Роган, продолжувајќи: „Алистер Оверим е најдобриот пример за тоа. Кога се бореше со Брок Леснар, беше тестиран за допинг и беше нашприцан до крај. Тоа треба да се дозволи. Жалам што немавме можност да го гледаме Оверим на тој режим подолго време. Боже, тоа би било спектакуларно. Би било навистина лудо. Сакам забава. Не сакам да гледам дебели тешкаши. Сакам Оверим да се врати назад. Назад за режимот“.
Оверим беше познат во текот на целата своја кариера како еден од физички најимпресивните борци – влезе во октагонот со 112 килограми мускулна маса, а неговиот стил на борба влеваше страв кај неговите противници. Иако беше еден од најпознатите тешкаши во УФЦ, се бореше за титулата само еднаш – против Стипе Миочиќ, во која беше поразен.
На 45 години, Оверим повеќе не се натпреварува. Тој има богата кариера зад себе – поранешен шампион е на организациите „Дрим“, „Страјкфорс“ и „К-1“ и настапуваше под покровителство на УФЦ многу години. По пензионирањето, тој не се повлече од боречките вештини, туку остана активен преку тренинзи и образование.