Маркос Томас Перез (62), поранешен полицаец од Мајами и член на обезбедувањето на Мајами, е обвинет за кражба и препродавање на повеќе од 400 дреса и сувенири од натпревари, со што заработил два милиона долари.

Тој бил член на обезбедувањето на кошаркарскиот тим долги години, а до оваа година работел како обезбедувач на НБА-натпреварите во Мајами.

Според обвинението, тој имал пристап до собата со сувенири во арената „Касеја“, која била подготвувана за идниот музеј на Мајами хит. Тој повремено крадел разни предмети оттаму, особено дресови, вклучувајќи го и оној што го носел Леброн Џејмс во текот на финалето на НБА, како играч на Хит.

Перез го продал дресот на eBay за 100.000 долари, кој подоцна бил продаден на аукција во „Сотби“ за 3,7 милиони долари. Перез повремено ги продавал предметите што ги крадел, со што заработил околу два милиона долари.

ИЗДВОЕНИ