Кристијано Роналдо важи за еден од најдобрите фудбалери што се појавиле на зелениот терен, па токму затоа за љубителите на спортот е интересен и неговиот приватен живот. Пред само неколку дена, тој потпиша милионски договор со Ал Наср за продолжување на соработката, со што доби и авион и ред други привилегии. Но, овој пат италијанска „Газета“ пласираше изненадувачка приказна.
Имено, љубовната приказна на Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез, која ја знаеме сите, можеби е чиста фикција!
Додека веруваа милиони дека ги споила судбината во луксузниот бутик „Гучи“, каде што „внимателно и трпеливо“ ѝ се додворувал Роналдо на Џорџина, вистината, се чини, е многу повозбудлива, но и многу поразлична.
Според поранешниот колега на Џорџина, Пабло Боне, тие не се сретнале во бутик, туку во мадридската дискотека „Опиум“, под рефлектори, со гласна музика и пијалаци, а не меѓу чанти и чевли од познати компании, пренесува италијанската „Газета“. Наводно, кога решил Роналдо да ја официјализира нивната врска, неговиот ПР-тим смислил поубава верзија на приказната за да ѝ даде на Џорџина „почиста слика“, идеална за семејни насловни страници, документарци и за на „Инстаграм“. Боне тврди дека подоцна дури и добила работа во „Гучи“, сè за лагата да изгледа поубедлива. Боне додава дека пред Роналдо, Џорџина била блиска со голем број познати мажи, меѓу кои и пејачот Сантана и шпанскиот актер Мигел Анхел Силвестре.