Претседателот на ПК „Љуботен“, Јован Божиновски, зборуваше за опстојувањето на клубот од неговото формирање во 1925 година, дека во овој еден век создал вистинска историја на македонското планинарство и дека од неговите редови се првите скијачи во Македонија. Божиновски нагласи дека низ овие сто години постоење, „Љуботен“ има собрано голема архива документи, фотографии и предмети поврзани со планинарењето, па има голема желба еден ден да се отвори музеј што ќе му биде посветен на планинарството во Македонија.
Честитајќи го овој значаен јубилеј, Сиљановска-Давкова изрази особена благодарност на многуте генерации членови на „Љуботен“ за докажаната љубов, почитта и за грижата за прекрасната Шар Планина и за природата, како и за нивниот личен и колективен придонес во промовирањето и во популаризирањето на здравиот живот

Во Тетово, денеска, на свечена академија со поранешни и со сегашни членови на клубот и претставници на институции, меѓу кои и претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, беше одбележа 100-годишнината од формирањето на Планинарскиот клуб „Љуботен“, најстариот планинарски клуб во Македонија.
Честитајќи го овој значаен јубилеј, Сиљановска-Давкова изрази особена благодарност на многуте генерации членови на „Љуботен“ за докажаната љубов, почитта и за грижа за прекрасната Шар Планина и за природата, како и за нивниот личен и колективен придонес во промовирањето и во популаризирањето на здравиот живот.
– Низ планинарските клубови, како престижни училишта за планинарско знаење и вештини, поминаа низа генерации ученици планинари, кои ги научија најголемите тајни на планините. Планинарењето, како спортска и рекреативна активност, ги подобрува телесното и менталното здравје и ги јакнее карактерот и личноста на човекот. Оттука, време е да ги следиме инспиративните примери на државите во кои рекреативното планинарење не само што е интегрирано во програмата за физичко образование во сите образовни институции и степени туку и масовно се практикува како елемент на филозофијата на здрав живот – истакна Сиљановска-Давкова.
Таа истакна дека на Планинарскиот клуб „Љуботен“ му претстојат раст, развој и подобри денови за планинарите, планинарењето, рекреацијата и спортот.
– Благословени сме што живееме во планинска земја. Како такви, имаме посебна обврска да си го заштитиме и штитиме планинското богатство. Должни сме да ги зачуваме ретките и загрозени видови дрвја, животни, билки, птици, инсекти. Природата ќе ни врати со чист и свеж воздух, ќе нè штити од порои и поплави, ќе нè лекува, ќе нè храни – нагласи Сиљановска-Давкова.

Во обраќањето на настанот, претседателот на ПК „Љуботен“, Јован Божиновски, говореше за опстојувањето на клубот од неговото формирање во 1925 година, дека во овој еден век создал вистинска историја за македонското планинарство и дека од неговите редови се првите скијачи во Македонија. Божиновски нагласи дека низ овие сто години од постоењето, „Љуботен“ има собрано голема архива документи, фотографии и предмети поврзани со планинарењето, па има голема желба еден ден да се отвори музеј што ќе му биде посветен на планинарството во Македонија.
Тој потсети дека денес, „Љуботен“ е активен и во зачувувањето на природата на Шар Планина и во развивањето на планинскиот туризам.
– Нашето друштво ги организира и првите скијачки натпревари. „Љуботен“ е познат и по традиционалното искачување на Титов Врв. Овој настан веќе сам по себе е бренд на клубот. Искачувањето почна во 1970-тите години, а беше организирано во чест на Денот на младоста, односно на роденденот на Јосип Броз-Тито. По смртта на Тито во 1980 година, започна меморијално искачување на Титов Врв. Ако на почетокот имаше помалку учесници на ова искачување, од година на година меморијалот прераснува во традиција, па расте и број на учесници. Па така, имаше години кога и над илјада планинари се искачуваа на овој највисок врв на Шар Планина – истакна Божиновски.
„Љуботен“ е еден од најактивните планинарски клубови во Македонија. Со новите времиња, доаѓаат и нови предизвици за клубот, па сега, освен планинарењето, големо внимание ѝ се посветува и на заштитата на природата. Клубот имаше голема улога во прогласувањето на Шар Планина за национален парк, а се работи и на развој на туризмот на Шара.












