Конечно ќе се реши проблемот со водоснабдувањeто на двете населени мести Љубанци и Љуботен, кои се наоѓаат на територијата на општина Бутел.
Градоначалникот, Дарко Костовски, го потпиша одобрението за негова изградба.
Тој информира дека Министерството за транспорт в еднаш ќе распише јавна набавка за избирање на изведувач и дека за многу брзо ќе отпочнат работите на терен.
–Тоа што некогаш беше нереално сега е вистина, ова ми е еден од најдрагите проекти. Особено, заради основната потреба на жителите на овие две села, но и заради исклучителната сложеност на целиот процес кој го поминавме како општина – изјави Костовски.