Лозарите не треба да бидат загрижени, секое зрно грозје ќе биде откупено

18

Лозарите не треба да бидат загрижени, секое зрно грозје ќе биде откупено. Интензивно го следиме откупот на грозје. Од утре влегува во откуп уште една винарска визба во Кавадарци. Останатите винарски визби продолжуваат тековно да го собираат „вранецот“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, кој беше во работна посета на откупен пункт за грозје во Кавадарци.

Како што информираше, досега се откупени преку 78 милиони килограми винско грозје, од тоа, 35 милиони црно, околу 40 бело, плус тоа што било извезено надвор од државата.

Министерот истакна дека имало зголемување на произведените количини грозје оваа година, што било и заложба, да се зголеми приносот. Тој подвлече дека тоа радува, а било резултат на тоа што наводнувањето на земјоделските површини било навремено.

Трипуновски рече дека будно се следи состојбата на терен со откупот на винското грозје. Така ќе се продолжело и во иднина, за да се избегнеле какви било евентуални манипулации при откупот на грозје.

 

 

ИЗДВОЕНИ