Лозано го прослави првиот роденден на синчето Марко!

60

И ако убавите случувања се кажуваат, прераскажуваат, споделуваат, кај популарниот пејач Влатко Лозаноски не е така. Тој не сака да зборува за својот приватен живот. И ова што го објавува за синчето Марко е премногу. Фановите му се многу благодарни што го пуштил срцето, за да им ја задоволи љубопитноста.

Лозановски пред една година стана татко, а овој октомври го прослави првиот роденден на синчето.

„Бебушек Марко денес ни прави 1 годинка“ – стои во описот кој Лозано го напиша по повод првиот роденден на неговиот син Марко. Пејачот сподели фотографија на Инстаграм-стори, од домашната атмосфера.

Малиот јунак  внимателно ја слуша детската роденденска песна. За некоја година, нема сомнеж, дека ќе ги слуша и убавите песни од својот татко Влатко. Да сме живи и здрави!  (Д.М.)

ИЗДВОЕНИ