Дрон со падобран беше пронајден заглавен во дрвја во општината Лерешт во централна Романија на 21 декември, соопшти романската полиција.
Полицијата ги извести надлежните институции да спроведат проверки за да утврдат како леталото стигнало таму и од каде дошло, објавува романскиот портал „Њуз“.
Европол објави слики од дронот што се урна во шума во округот Аргеш попладнево, а претставници на полицијата објаснија дека на него бил прикачен „рачен уред“, објавува „Танјуг“.
„Не е познато дали дронот е поврзан со конфликтот во Украина, а она што е сигурно е дека не го користела војската од базата на НАТО во областа“, се вели во полициското соопштение.
🇷🇴Drone found in Lerești, Romania. This is in deep Romania territory #drones pic.twitter.com/t720NaLWXG
— Kaldock (@Kaldockhi) December 21, 2025












