Раните кругови на Големата награда на Мексико донесоа застрашувачка ситуација што можеше да заврши трагично. Имено, Лиам Лосон, возачот на Рејсинг Булс, беше принуден рано да влезе во бокс по контактот со Карлос Саинц во првата кривина. Во судирот, предното крило на Лосон беше оштетено и мораше да биде заменето уште во првиот круг. По излегувањето од боксот, Лосон се врати на патеката последен, далеку зад остатокот од гридот. Во тој момент, жолти знамиња беа активирани во првиот сектор поради остатоци на патеката.
Меѓутоа, додека ја поминуваше првата кривина, Лосон виде неверојатна глетка.
Двајца редари трчаа преку патеката додека болидите сè уште беа во тркачка состојба. Еден од нив помина веднаш пред болидот на Лосон, што можеше да заврши фатално.
Шокираниот Лосон веднаш реагираше преку тимското радио, не можејќи да поверува што се случило.
Искрено, не можев да верувам што видов. Влегов во боксот, ги сменив гумите и кога стигнав до првата кривина, двајца од нив, едноставно, претрчаа преку патеката. Речиси ќе удрев во еден од нив. Искрено, беше многу опасно. Очигледно имаше некое недоразбирање, но никогаш порано не сум доживеал нешто слично, ниту, пак, сум видел. Тоа е сосема неприфатливо, порача Лосон.
There were Marshalls CROSSING the track during Liam Lawson’s lap…….pic.twitter.com/wV7fWxnvsx
— RBR Daily (@RBR_Daily) October 26, 2025











