Мажите учат од грешките!

„Имав среќа таа жена да остане покрај мене. Мајката на нашите деца. Од сè срце сакав да ѝ кажам големо благодарам, Ана! За сè, за секое мое молчење кога имав тежок карактер. За секое црнило кога ми требаше светло…“, вели омилениот пејач на македонската (женска) публика, кој е познат не само по слушаните песни туку и по неодамнешниот солистички концерт во Скопје пред преполната арена „Јане Сандански“

– Велат, со право, дека мажите учат од грешките. Честопати, ние од посилниот пол, мислиме дека сме силни, а, всушност, не сме ни свесни каде грешиме. А, грешиме токму таму каде што најмногу боли. Ги запоставуваме оние што најмногу нè сакаат, а тоа се тие, жените: сопругите, мајките, сестрите, пријателките, љубовниците, колешките, комшиките… и, кога ќе згрешиме во релациите со нив, станува доцна за сè. Вака, деновиве, емотивно изјави еден од најпопуларните балкански пејачи (од Белград), Предраг Пеѓа Јовановиќ, кој често го ословуваат со прекарот балканскиот Хулио Иглесијас.

Тој ѝ е мошне добро познат на македонската публика не само по слушаните песни („Љубав, ја и ти“, „Не тражи је сине“, „Парфем од ваниле“, „Рекла си ми да не волиш зиму“, „Лош момак“, „Плаво око плакало је“, „Сунцокрети“, „Оно нешто“, „Волела си луталицу“, „Ко зна шта је то добро“…), туку и по неодамнешниот солистички концерт во Скопје пред преполната арена „Јане Сандански“. На тој концерт, доминантната женска публика беше видно трогната. Девојки си ги бришеа солзите радосници, се гушкаа со своите момчиња, мобилните постојано светкаа со ритамот на емоцијата. Тоа беше повеќе од обичен концерт!Деновиве, свежи вести пристигаат за згодниот Пеѓа. Упатените велат дека тој се смирил со својата сопруга, сексапилната инфлуенсерка Ана. Се разведуваа двапати, последниот пат во 2024 по 16 години брак и три деца. Сега  слават 18 години љубов и брак, иако тоа им се случува по два развода. Пејачот, кршач на женските срца,  јавно ѝ упати емоции на саканата. – Ние никогаш не сме биле вистински скарани, но долго време немавме исти приоритети, ниту исти места за излегување. Секој одеше по својот пат. Мораше да дојде до разделба!  Се обидовме да го спасиме бракот, но тоа не испадна како што треба. Јас, признавам, направив големи грешки. Наместо по свирките да си одам дома, кај децата и кај сопругата, останував до рани зори со музичарите. Измислував разни глупости, разни приказни, а сè беше само лага. Сега јавно ѝ се извинувам на Ана за сè! Тие грешки никогаш нема да ги преболам. Сфатив, дека Ана е прекрасна личност, добра мајка, совршена љубовница, вредна и успешна домаќинка и готвачка. Заслужува да ја има сета радост на овој свет!
Но, и Ана не му остана должна на Пеѓа, максимално го пофали и му прости за сè:        – Тој имаше доволно време да размислува сам во станот, што ќе прави понатаму? Да сфати кои се вистински вредности во животот. Тоа не се кафеаните по концерти, не е алкохолот. Семејството е најголемото богатство! Долго време тоа му го зборуваше и неговиот брат близнак, кој беше вистински загрижен за него. Среќа во несреќа, Пеѓа навреме го сфати тоа, па го направи првиот чекор кон отрезнувањето. Фала му на Бога што самиот ја донесе судбоносната  одлука да престане да пие. Многу пиеше. Ние, и двајцата, на бракот пак му дадовме нова  шанса, констатира Ана.

Сега, вљубената двојка е на егзотичен одмор, на тропските Малдиви. – Имав среќа таа жена да остане покрај мене. Мајката на нашите деца. Сакам од сè срце да ѝ кажам големо благодарам, Ана! За сè, за секое мое молчење кога имав тежок карактер. За секое црнило кога ми требаше светло, за сите овие години трпение, сила и љубов. Нејзината радост е мое засолниште, а нејзината среќа и нејзината љубов кон мене се мојата животна опсесија, раскажа повторно вљубениот пејач, интерпретатор на толку многу емотивни балади.

Дуле МИЌИЌ – фото:архива

 

 

 

ИЗДВОЕНИ