-Oд голема важност е да се земе во предвид прегледот од физиотерапевт и овие посети да се случуваат почесто. Еднаш до двапати месечно треба да се направи медицинска масажа на телото во времетраење од еден час. Масажата ги опушта, релаксира и ги смирува воспаленијата, спазмите и болките, а овозможува добра циркулација и подобра функционалност на нервниот и мускулниот систем, вели физиотарапевтот Илија Жежов, специјалист по здравствен фитнес
Речиси да не постои човек кој нема болка во одредена регија на телото. За ваквата состојба најчесто причини се лошото држење на телото, слабата физичка активност или преоптеретувањето со работата, ангажманите или преголема физичка активност.
Ваквата состојба најчесто доведува до мускулно воспалување што е пропратено со непријатна болка во оредената регија на телото и мускулите. Воспалителниот процес најчесто се смирува самиот од себе, но понекогаш потребно е и да се земе одредена медикаментозна терапија или да се посети доктор и физиотерапевт. Честото консумирање на магнезиум може да спречи појава од воспалителни муслулни болки и да овозможи нормална функционалност на мускулни без појави на спазам.
Во случајов добро е редовно три месеци да се зема континуирано магнезиум по една таблетка навечер, додека по консумацијата од три месеци треба да се прави пауза од два месеци.
Исто така, од голема важност е да се земе во предвид прегледот од физиотерапевт и овие посети да се случуваат почесто. Еднаш до двапати месечно треба да се направи медицинска масажа на телото во времетраење од еден час.
Масажата ги опушта, релаксира и ги смирува воспаленијата, спазмите и болките, а овозможува добар доток на крвта и циркулација и подобра функционалност на нервниот и мускулниот систем.
Препорачливо е масажата да се прави еднаш до двапати месечно. Со одржувањето на навиката за редовна масажа ги спречувате и сите појави на дегенеративните процеси, така што при било каква промена вашиот физиотерапевт ќе ве извести и ќе ве препрати на дополнителни испитувања за навреме да се превземат првите чекори за подобрување и лекување на вашата здравствена состојба.
Доколку одредени мускулни болки сигнализираат постојана нелагодност тоа може да е резултат на веќе активна состојба на одредена дијагноза, па за истата потребни се испитувања и комплетен рехабилитационен план од физиотерапевт.
Редовното пешачење, активноста во вид на некаков спорт и навременото соработување со физиотерапевтот е многу битно.
Затоа не ги заборавајте овие три важни работи и бидете секогаш чекор напред со вашето здравје.
(Авторот е специјалист по здравствен фитнес, Ординација за физиотерапија ФИЗИОТЕРАПЕВТ-ЗДРАВЈЕ)