Португалската кошаркарска репрезентација ја победи Шпанија со 76:74 во пријателски натпревар како дел од подготовките за Европското првенство. Трофејните Шпанци не успеаја во првиот подготвителен натпревар против ривал со скромни можности.
Шпанците беа добри само во првото полувреме кое го добија со 44:31, а потоа сè мина во знакот на Португалија. Поразителен за Шпанците е фактот што постигнаа само 27 поени во второто полувреме (12 во последната четвртина).
Lisboa ▶️ Queta = 🔨 pic.twitter.com/M55YS6n6FB
— Portal do Queta 🇵🇹 (@PortalQueta) August 5, 2025
Убедливо најдобар во победничкиот тим беше Кета со 17 поени и 9 скока – тој беше нерешлива енигма за шпанските кошаркари. Од друга страна, Шпанците немаа играчи со двоцифрен број постигнати поени.