Лоша вест за работниците во Германија!

89

Германските работодавци планираат понатамошно намалување на работната сила, според септемврискиот извештај објавен денес од Институтот за економски истражувања IFO со седиште во Минхен.

Индексот што ја мери подготвеноста на германските компании да вработуваат падна од 93,8 поени во август на 92,5 поени, што е најниско ниво од јуни 2020 година.

Расположението на пазарот на трудот сè уште не е добро, па затоа многу компании ги одложуваат вработувањата, предупреди директорот за истражување на IFO, Клаус Волрабе.

Според него, намалувањата генерално не се спроведуваат преку масовни отпуштања, туку постепено, бидејќи компаниите не ги пополнуваат празните работни места.

Во германската преработувачка индустрија, особено во автомобилското производство и машинството, компаниите планираат да го намалат бројот на вработени.

Дополнително, индикаторот во услужниот сектор значително опадна, а некои компании во транспортот и логистиката веќе најавија отпуштања.

Во градежната индустрија во Германија, бројот на вработени е во голема мера стабилен, додека во трговијата има забележително намалување на работната сила, според веб-страницата на IFO.

ИЗДВОЕНИ