сабота, јануари 17, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Локални врнежи од дожд и снег, магла во котлините

Локални врнежи од дожд и снег, магла во котлините

14
Foto: Pexels

Синоптичарите за денеска најавуваат слаби локални врнежи од дожд на пониските места, а на повисоките места и на планините од снег. По одредени котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 6 степени.

Во Скопје, променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 5 степени.

Управата за хидрометеоролошки работи прогнозира дека викендов на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места од снег. В понеделник и во вторник ќе има преодно стабилизирање на времето, а од среда повторно ќе има врнежи претежно од снег.

– Од денеска до крајот на неделата има услови за појава на магла по одредени котлини. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање – најави УХМР.

ИЗДВОЕНИ