Движењето ЗНАМ – За наша Македонија вечерва ќе ја одржи својата конвенција, на која ќе бидат претставени кандидатите за градоначалници и листите на советници.
На овие локални избори, партијата ќе има свои кандидати за градоначалници во најголемата општина во земјата – Куманово, како и во срцето на Скопје – Општина Центар.
Од ЗНАМ информираат дека се поднесени кандидатури со листи на советници составени од квалитетни и докажани личности во повеќе од 50 општини низ целата држава.
„Време е уште еднаш да покажеме дека знаеме како да обезбедиме подобар живот за граѓаните онаму каде што е најважно – во градовите, селата, населбите, маалата.“
„Време е да покажеме дека ЗНАМ е политичка партија што работи со план, одговорно, посветено и чесно“, истакнуваат од партијата.