недела, август 30, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Локализиран е пожарот во Националниот парк „Пелистер“ – противпожарни единици цела ноќ...

Локализиран е пожарот во Националниот парк „Пелистер“ – противпожарни единици цела ноќ дејствуваа на терен

11
Фото:принтскрин, видео ДЗС

Состојбата со пожарот што го зафати Националниот парк „Пелистер“ утринава е стабилна, тој е локализиран, но опасноста од негово ширење и натаму е голема, информира директорот на НП „Пелистер“ Иванчо Тошевски. Претпладнево ќе се интервенира со хеликоптер, како и со два ертрактори.

Поголема катастрофа била спречена благодарение на интервенциите на „Ер тракторите“ и брзата акција на пожарникарите од Ресен и Битола и другите служби на терен.

Во гаснењето учествуваа и вработени од НП „Пелистер“, јавните комунални претпријатија и службите за управување со кризи и заштита и спасување.

Дежурните екипи остануваат на терен за целосно догаснување и за спречување евентуално повторно активирање на огнената линија.

ИЗДВОЕНИ