Ливерпул ја освои својата 20. титула во англиското првенство оваа сезона, но летово ќе има големи промени во играчкиот кадар. Овој клуб под палката на Арне Слот изгледа навистина импресивно и заслужено ја освои титулата шампион на Англија.
На најелитното европско натпреварување, Лигата на шампионите, тие беа запрени во осминафиналето, кога беа елиминирани од ПСЖ по изведувањето пенали. Сѐ на сѐ, многу добра сезона на „црвените“, но нема време за одмор и тие веќе почнуваат да се подготвуваат за следната сезона.
Што се однесува до дојдовните трансфери, Џереми Фримпонг е веќе нов член на клубот од Мерсисајд и само чека официјална потврда од клубот. Исто така, блиску до пристигнување на „Енфилд“ е и унгарскиот интернационалец Милош Керкез, кој игра на позицијата лев бек.
Покрај дојдовните трансфери, секако ќе мора да има и неколку заминувања, а од германски „Скај“ доаѓа една ексклузивна вест. Според овој извор, клубови од Саудиска Арабија се заинтересирани за дури три ѕвезди на тимот на Ливерпул. Станува збор за Дарвин Нуњез, Диого Жота и за Луис Дијаз.
Нуњез често беше предизвикуван и критикуван, главно поради завршните удари и неверојатните промашувања. Жора е многу квалитетен играч, но Арне Слот во моментов повеќе му верува на својот сонародник Коди Гакпо, давајќи му повеќе шанса. Што се однесува до Дијаз, тој долго време се поврзуваше со заминување од „Енфилд“, а поголемиот дел од разговорите беа за трансфер во Барселона.
Ливерпул, несомнено, би добил многу пари за овие три ѕвезди, бидејќи сите знаат колку трошат клубовите од Саудиска Арабија. Ова би отворило можност Слот и неговиот тренерски штаб да имаат повеќе простор на трансфер-пазарот за повеќе дојдовни трансфери.