Флоријан Вирц ги заврши медицинските прегледи, но тоа не е сè кога станува збор за актуелниот шампион во Премиер лигата. По Милош Керкез, кој ги договори сите услови и стана член на Ливерпул, дефанзивецот на Кристал палас, Марк Гуеи, наскоро ќе потпише за тимот од „Енфилд“.

Станува збор за англиски репрезентативец што има 25 години и, што е најважно, влегува во последната година од договорот, па затоа е достапен по пониска цена.

Потенцијалната компензација е непозната, но Ливерпул го следи внимателно и размислува да го доведе во своите редови како резерва на Вирџил ван Дајк и на Ибрахим Конате. Познато е дека Џарел Кванса би можел да му се приклучи на Баер Леверкузен и да донесе околу 35 милиони евра, кои Ливерпул би ги потрошил за дефанзивецот на Палас.

ИЗДВОЕНИ