
Кога Ливерпул го сруши британскиот рекорд потпишувајќи го Алекснадер Исак од Њукасл за 150 милиони евра, од него се очекуваа голови.
Сепак, по 15 натпревари за тимот предводен од Арне Слот, шведскиот интернационалец одигра далеку под очекувањата, постигнувајќи само два гола.
Во меѓувреме, уште едно засилување кое пристигна во нападот на Ливерпул, исто така минатото лето, Хуго Екитике, постигна 10 гола на 23 одиграни натпревари, а беше платен многу помалку од Исак.
Секако, треба да се признае и дека Швеѓанецот имаше проблеми со физичката подготвеност по пристигнувањето во Ливерпул и ги пропушти подготовките.
Јасно е дека трпението на Ливерпул и Слот нема да трае долго, бидејќи Исак би можел сè повеќе да се наоѓа на клупата, а не на теренот, кога станува збор за натпреварите на Ливерпул.
Затоа, неговата иднина во клубот би можела да биде доведена во прашање откако неодамна потпиша шестгодишен договор.
Поранешниот играч од средниот ред на Ливерпул, Дитмар Хаман, верува дека Исак би можел дури и да биде продаден ако не ја најде својата среќа и не почне да постигнува голови.
„Не сум сигурен дали Ливерпул ќе продаде некого во јануари, но ако работите не се подобрат за Исак во март или април, тој веројатно ќе го напушти клубот следното лето за тим како Барселона“, изјави Германецот.
Ќе има многу тимови кои ќе сакаат да го доведат бидејќи во Њукасл покажа дека знае како да постигнува голови. Исто така, многу зависи од формата на Екитике, бидејќи ако продолжи да игра добро, Исак тешко дека ќе добие шанса да игра.“
Според извештаите, гиганти како Барселона, Реал (М) и ПСЖ ја следат ситуацијата околу Исак и би можеле да се обидат да го потпишат следното лето.
Секако, најдобриот начин Исак да ги сврти работите е да почне да постигнува голови и да му носи бодови на својот тим, но тоа може да се случи за неколку месеци затоа што Швеѓанецот заработи тешка повреда на дуелот против Брајтон и мора да паузира неколку месеци.











