
Актуелниот шампион на Англија, тимот на Ливерпул активно работи на зајакнување на својот среден ред. До пред неколку дена се шпекулираше дека „црвените“ се заинтересирани за Жоао Гомес, но сега се чини дека фокусот е префрлен на друг Бразилец.
Според извештаите од Бразил, потврдени од RTI Esporte, Ливерпул важи за фаворит кога е во прашање потписот на 24-годишниот Андре, стандарден првотимец во дресот на Вулверхемптон.
Спортскиот директор на Ливерпул, Ричард Хјуз, ги следи неговите настапи веќе некое време и го гледа како идеален профил на играч за тимот на Арне Слот.
Андре се етаблираше како еден од најсигурните играчи од средниот ред во Премиер лигата кога станува збор за дефанзивни задачи и запирање на противничките напади.
Бразилецот пристигна во Англија во 2024 година од Флуминенсе, а неговата адаптација траеше кратко. Брзо стана незаменлив дел од средниот ред на „Вулверхемптон“ и еден од најдоследните играчи на тимот.
Андре, исто така, има богато искуство на највисокото ниво на јужноамериканскиот фудбал, бидејќи беше еден од лидерите на Флуминенсе во нивниот поход по историската титула во Копа Либертадорес во 2023 година.
Според проценките, понуда од околу 26 милиони фунти би можела да биде доволна за клубот од „Молинеу“ сериозно да размисли за продажба.
Сепак, во Ливерпул се сфесни дека цената би можела значително да се зголеми по претстојното Светско првенство и затоа се разгледува можноста за завршување на договорот за време на тековниот јануарски преоден рок.
Додека Манчестер Јунајтед се фокусира на неговиот тимски колега, Жоао Гомес, Ливерпул се чини дека веќе го пронајде својот Бразилец во Вулверхемптон.











