Американската скијачка Линдзи Вон (41) се врати на скијачките патеки и покрај тоа што одлучи да се пензионира во 2019 година. Минатата година таа објави дека е подготвена да му се врати на скијањето, а неодамна го воодушеви целиот свет со победата во спустот во Сент Мориц.

Зимските олимписки игри во Милано и во Кортина започнуваат за нешто повеќе од еден месец, а легендарната скијачка потврди на социјалните мрежи дека се квалификувала за националниот тим по петти пат.

  • Чест ми е што можам повторно да ја претставувам мојата земја, на моите петти и последни Олимписки игри! Кога донесов одлука да се вратам на скијањето, секогаш ја имав на „пик“ Кортина, затоа што тоа е место кое е многу, многу посебно за мене. Иако не можам да гарантирам никакви исходи, можам да гарантирам дека ќе дадам се од себе како секој пат кога ќе започнам трка, напиша Вон под објавата на „Инстаграм“.

ИЗДВОЕНИ