Американската скијачка Линдзи Вон беше оперирана откако ја скрши ногата на трката во спустот, во Кортина д’ Ампецо на Зимските олимписки игри, објави Ројтерс. Легендарната 41-годишна скијачка не се опорави целосно пред да се натпреварува во Италија и ја падна уште на стартот од тркта, поточно во 13 – та секунда по тргнувањето од стартот.
По падот, кој беше проследен со нејзините вресоци, таа беше однесена со хеликоптер во болница во италијанскиот град Тревизо. Таа беше префрлена на одделот за интензивна нега и набрзо беше објавено дека е стабилна и во безбедни раце на лекарите. Откако ја изгуби контролата и падна, Американката лежеше неподвижна на снегот.
Нејзините крици од болка беа слушнати на телевизија во живо, што веднаш сугерираше дека ситуацијата е сериозна. Со оглед на нејзините години и веќе тешката состојба на нејзиното колено, многумина стравуваат дека овој пад може да значи крај на една од најбрилијантните кариери во историјата на скијањето.
Победничката во спуст сочувствува со Вон
Американката Бризи Џонсон го освои златото во трка во сенка на падот на Линдзи Вон. Џонсон рече дека сочувствува со својата сонародничка по нејзиниот тежок пад во денешниот женски спуст.
„Моите мисли се со неа, се надевам дека не е толку сериозно како што изгледаше. Знам колку е тешко да се скија на оваа патека и како понекогаш, само затоа што толку многу ја сакаш, кога ќе паднеш на неа и ќе се повредиш, боли уште повеќе. Затоа сум со неа од се срце“, рече Џонсон.












