Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, имаше напредок од девет места на ВТА-листата и од овој понеделник е рангирана на 198. место.
Иако минатата недела, на турнирот во Куршумлиска Бања, Србија, заврши во четвртф-финалето, сепак, освои нови бодови. Таа го подобри своето салдо со нови 16 бода, па сега има 358. Инаку, нејзиното најдобро рангирање беше на 12 јули 20217 година, кога се најде на 170. позиција.
Што се однесува до најдоброрангираните, во топ-10 нема промени. Така, и натаму убедливо прва е Белорусинката Арина Сабаленка, пред Ига Швјонтек од Полска и пред Американките Коко Гоф и Аманда Анисимова.