Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, елиминирана во квалификациите за пласман на грен слемот Австралија опен. Таа по голема борба во квалификациското полуфинале загуби од Тамара Зиданшек од Словенија со 2-1 во сетови, меч кој траеше два часа и 15 минути.
Ѓорческа го доби првиот сет со 6:4, по што Зиданшек веднаш возврати, добивајќи го вториот сет со 6:2. Во третиот, одлучувачки сет, следеше голема борба, се чекаше една од тенисерките да направи грешка. Но, грешката дојде од нашата претставничка, која при 6:5 го гејмови, го загуби својот гем и и препушти на противничката голема победа и пласман во последното квалификациско коло.











