Американскиот кошаркар Дејмиен Лилард беше успешно опериран по тешката повреда во серијата против Индијана и почнува долг процес на рехабилитација за него, јавија тамошните медиуми.

Ѕвездата на Милвоки бакс ќе мора да паузира долго време, а најцрните сценарија предвидуваат дека би можел да ја пропушти и целата следна сезона.

Оваа сезона одигра 58 натпревари и просечно бележеше по 24,9 поени, 4,7 скока и 7,1 асистенција. Важи за еден од најдобрите бекови во НБА-лигата.

ИЗДВОЕНИ