Според локалните жители, осомничениот го поминал целиот ден со жртвата на блиското место за пикник, потоа го пресретнал на патот и го убил ладнокрвно, пренесува хрватски „Вечерњи.
Според хрватскиот портал „Плус“, еден маж бил убиен во вторник попладне. Осомничениот наводно ѝ е познат на полицијата, но сè уште е во бегство.
Според локалните жители, осомничениот го поминал целиот ден со жртвата на блиското место за пикник во Љешкове Воде, потоа го пресретнал на патот и го убил ладнокрвно. Полициска истрага е во тек, а сообраќајот кон Љешкове Воде и Врховина е блокиран поради истрагата.
Како што неофицијално дознава „Вечерњи“, убиен е Зоран Гргиќ (62) од Славонски Брод, поранешен член на Советот за цивилен надзор над безбедносните и разузнавачките служби на Хрватскиот парламент.