Премиерот Христијан Мицкоски, кој присуствуваше на стартот на изградбата на маркет во Реонскиот центар во Ново Лисиче, очекува дека бројката оваа година ќе се удвои и ќе достигне 10 милиони евра. – Тоа претставува мотив за домашните претприемачи да ги исполнат стандардите на синџирот „Лидл“. Оваа инвестиција носи нова енергија и работни места, потврдувајќи дека земјата е добра дестинација за инвеститорите, истакна Мицкоски.

Милена Драгијска-Денчева, претставник на „Лидл“, истакна дека целта е на потрошувачите да им се обезбеди врвно искуство во пазарувањето во маркетите на „Лидл“ по поволни цели. – Не дојдовме тука само да правиме бизнис, туку сме посветени на порастот, на развојот и на подобрување на квалитетот на живот за сите граѓани, воедно и на поддршката на локалните производители, чии производи се веќе пласирани на другите пазари на „Лидл“, рече Драгијска-Денчева

Иако сè уште не почнала со малопродажба, сепак соработката со германската компанија „Лидл“ веќе дава резултати во македонскиот извоз. Во 2024 година, извозот на македонски производи преку мрежата на „Лидл“ во соседните земји изнесувал околу 5 милиони евра. Премиерот Христијан Мицкоски, кој присуствуваше на стартот на изградбата на маркет во Реонскиот центар во Ново Лисиче, очекува дека бројката оваа година ќе се удвои и ќе достигне 10 милиони евра.

Тоа претставува мотив за домашните претприемачи да ги исполнат стандардите на синџирот „Лидл“. Оваа инвестиција носи нова енергија и работни места, потврдувајќи дека земјата е добра дестинација за инвеститорите. Оваа инвестиција се одолговлекуваше и беше заглавена, но со доаѓањето на оваа владина гарнитура се фативме за работа и ја откочивме ставајќи ја меѓу првите приоритети. Особено ме радува што менаџментот на „Лидл“ ја прифати нашата забелешка за зголемување на застапеноста на домашното производство и македонските производи на полиците на „Лидл“. Тоа е од исклучителна важност – затоа што со тоа не само што се поддржува локалната економија туку се гради доверба кај потрошувачите дека македонското е најдобро – нагласи Мицкоски.

Тој очекува „Лидл“ да биде поттик и мотив за македонските претприемачи да ги задоволат стандардите на германскиот ланец супермаркети. Според него, влезот на „Лидл“ ќе донесе поголема конкуренција, пониски цени и повисок квалитет за потрошувачите.

Новиот објект на „Лидл“ во Реонскиот центар ќе се протега на површина од 3.438 квадратни метри со модерен продажен салон од 1.200 квадратни метри и 57 паркинг места. Милена Драгијска-Денчева, претставник на „Лидл“ истакна дека маркетот ќе се гради по најсовремените меѓународни стандарди и нема да понуди само современ физички изглед, туку ќе биде изградена и од еколошки градежни материјали, со фокус на енергетската ефикасност.

Целта е на нашите потрошувачи да им се обезбеди врвно искуство во пазарувањето и, секако, по поволни цели. Многу е важен развојот на пазарната економија, па јас како претставничка на „Лидл“ тука, би сакала да ја нагласам нашата долгорочна посветеност која ја имаме и кон граѓаните. Не дојдовме тука само да правиме бизнис, туку сме посветени на порастот, на развојот и на подобрувањето на квалитетот на живот за сите граѓани, воедно и на поддршката на локалните производители, чии производи се веќе пласирани на другите пазари на „Лидл“ рече Драгијска-Денчева.

Таа потврди дека „Лидл“ е посветен на порастот, развојот и на соработката со локалните производители и изрази благодарност за поддршката и за помошта до сите институции, на централно и на локално ниво.

– Наша огромна радост е за неколку месеци да ги отвориме вратите за граѓаните на општина Аеродром и за граѓаните на Македонија. Се надеваме дека со нашата работа ќе ја заслужиме и вашата доверба и можеби ќе станеме претпочитано место за пазарење нагласи Драгијска-Денчева.

Компанијата „Лидл“ интензивно го гради и првиот продажен објект во Скопје којшто се наоѓа на просторот каде порано се наоѓаше „Бриколаж“ во општина Гази Баба. Инвестицискиот план на „Лидл“ вклучува изградба на регионален логистички центар во Речица, Куманово, Кавадарци, Битола, Гази Баба, Тетово, Кичево, Велес, Штип, Струмица, Гостивар, Охрид.

(С. Бл.) – Фото: П.С.

 

ИЗДВОЕНИ