Лидерите на Г7 не успеаја да постигнат договор за Украина и Иран: Предвременото заминување на Трамп го наруши единството на самитот

813
EPA-EFE/SPENCER COLBY

Лидерите на Г7 не успеаја да постигнат клучни договори за глобалните прашања по предвременото заминување на Трамп. Имено, самитот на Г7 заврши со општа изјава во која лидерите на седумте најразвиени земји во светот едногласно го изразија ставот дека на Иран не смее да му се дозволи да развива нуклеарно оружје и повикаа на деескалација на тензиите на Блискиот Исток.

Шесте преостанати лидери на Г7, групата од седумте најбогати демократии, разговараа за војната во Украина и конфликтот меѓу Израел и Иран, но не успеаја да постигнат значајни договори за тие и голем број други итни прашања.

Самитот имаше за цел да покаже дека оваа коалиција од богати нации сè уште има моќ да влијае врз глобалната политика, и покрај ненавременото заминување на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.

Преостанатите лидери се согласија да работат заедно за да се спротивстават на таканаречените непазарни политики што би можеле да го загрозат глобалниот пристап до клучни минерали.

Тие, исто така, ветија дека ќе ги ограничат негативните последици што вештачката интелигенција може да ги има врз пазарот на трудот и животната средина, но во исто време нагласија дека ќе го поддржат потенцијалот на „технолошка револуција“.

Иако постигнаа договори за различни прашања, самитот не успеа да ја постигне својата цел да покаже единство по клучните глобални прашања, а не беше издадена никакво заедничко соопштение за руската инвазија на Украина.

ИЗДВОЕНИ