Лицата со попреченост ќе добијат Центар за дневен престој

299

Општина Карпош и Здружението за здрав раст и развој на деца, адолесценти и возрасни „Неуроклиник“ ќе работат заедно на воспоставување на Центар за дневен престој за лица со посебни потреби.

Од Општина Карпош информираат дека дневниот центар ќе нуди инклузивно и функционално опкружување каде што лицата со попреченост ќе добијат стручна грижа, психосоцијална поддршка, социјализација и развој на животни вештини.

– Оваа иницијатива претставува вистински исчекор кон едно хумано општество, кое ги препознава и воедно одговара на потребите на граѓаните од сите социјални категории – соопштија од локалната самоуправа.

Проектот ќе се реализира во рамки на Програмата за подобрување на социјалните услуги, а е поддржан од Министерството за социјална политика, демографија и млади и Светска банка.

 

 

ИЗДВОЕНИ