Личните податоци на повеќе од еден милион шведски граѓани објавени на „дарк нет“

36
Фото: EPA

Личните податоци на повеќе од еден милион шведски граѓани се објавени на “дарк нет“, изјави експертот за сајбер безбедност Карл Емил Ника, објавија денес шведските медиуми.

На ова му претходеше сајбер напад во август, насочен кон системите на компанијата „Мијодата“ која опремува дури 80 проценти од шведските локални власти со системи за управување со човечки ресурси, пренесува националниот радиодифузер SVT.

Тогаш биле украдени податоците на граѓаните, како што се лични броеви, адреси, телефонски броеви и лични карти на вработените.

ИЗДВОЕНИ