Либиските обвинители денес соопштија дека отвориле истрага за убиството на Саиф ал-Ислам Гадафи, син на убиениот либиски лидер Моамер Гадафи, кој наводно бил убиен во директна конфронтација со непознати вооружени лица.
Неговата канцеларија во соопштението наведува дека Саиф ал-Ислам, 53, бил убиен синоќа откако четворица непознати напаѓачи упаднале во неговиот дом во северозападниот либиски град Зинтан, објави Би-Би-Си.
Либиското обвинителство потврди дека тој починал од рани од огнено оружје и дека се утврдува идентитетот на напаѓачите.












