Повеќе од 50.000 луѓе присуствуваа на погребот на Сеиф ал-Ислам Гадафи, син на убиениот поранешен либиски лидер Моамер Гадафи.
Локални извори проценуваат дека повеќе од 50.000 луѓе присуствувале на погребот, мавтајќи со зелени знамиња поврзани со поранешниот либиски режим, објави „Ле Фигаро“.
Сеиф ал-Ислам беше погребан на истите гробишта во градот Бани Валид, јужно од Триполи, како и неговиот брат Хамис Гадафи.












